Сакате да купите стан, ама не знаете во која банка има адекватни услови за Вас?  

 

Паричник ви нуди решение

Финансискиот портал paricnik.mk е независна онлајн дестинација, која со својот концепт и единствен пристап ги спојува финансиските институции и корисниците преку својата иновативна платформа.

Иновативната Паричник платформа ја претставува дигитален екосистем на кој секојдневно се одвива понуда и побарувачка на банкарски и финансиски производи.

Наша цел е да им помогнеме на сите да ја донесат најдобрата финаниска одлука во склад со своите потреби и можности.

Испробајте ја нашата платформа и ќе се изненадите од нашата: професионалност, ажурност, прецизност и точност во пренесувањето на информациите, доследноста, независноста и пружањето на бескомпромисниот квалитет на услугите.

 

Деловна политика

Порталот Паричник е независен специјализиран онлајн портал кој соработува со сите интересни групи, со цел креирање на позитивна клима за развивање на квалитетни односи и интерактивни комуникации помеѓу финансиските институции и нивните традиционални / потенцијални клиенти. Нашиот цврст став е дека само точните, прецизни и ажурни информации се предуслов за креирање на позитивна перцепција кај нашите корисници. Сакаме да го одржиме реномето како финансиски портал на кој може да му се верува и да го зголемиме кредибилитетот кај јавноста, со тоа што ќе останеме независни, неутрални но со критички став.

 

Нашиот тим

Ние сме тим од млади, ведри, амбициозни луѓе кои поседуваат широки познавања и богато искуство од областа на финансиите, економија, новинарство, комуникација, онлајн работење, менаџмент, како и развој на интернет и интранет решенија за финансиски институции. Секој ден стекнуваме нови знаења и сме во потрага секојдневно по информации кои можат да бидат од корист за донесување на квалитетни и адекватни финансиски одлуки.

Нашиот тим е определен да пружи неприкосновен квалитет во секој сегмент од нашето работење и затоа веруваме дека секој кога го работи она што го сака, она што го знае најдобро, успехот неможе да биде изоставен.